Нова фаза на пандемијата: Два соја на коронавирусот се споија во „мутиран хибрид“

Два соја на коронавирусот ги споија своите геноми во високо мутирана хибридна верзија на вирусот.

Случајот на „рекомбинација“ е откриен во примерок од вирусот во Калифорнија, а неговото откритие предупредува дека можно е да влеземе во нова фаза на пандемијата.

Според New Scientist, новиот хибриден вирус е резултат на рекомбинација на многу пренослива варијанта откриена во Велика Британија и верзија на вирусот откриена во Калифорнија, за која се претпоставува дека е одговорен за неодамнешниот голем бран на инфекции во Лос Анџелес.

Станува збор за варијантата на коронавирус B.1.429, која е отпорна на постојните антитела на оние кои веќе прележале COVID-19. Покрај британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот сој, калифорнискиот сој е уште една мутација на коронавирусот со голема циркулација.

„Бројот на заразени со калифорнискиот сој е уште помал, но се чини дека оваа верзија е позаразна од оригиналната, што не значи дека и резултира со потешка форма на клиничка слика. Она што засега го знаеме за британскиот сој ни дава надеж дека поголемиот број вакцини пружаат заштита против новите соеви, па се надеваме тоа ќе биде случај и со калифорнискиот“, вели д-р Џасмин Пламер од медицинскиот центар Седерс-Синај во Лос Анџелес.

Рекомбинацијата на британскиот и калифорнискиот сој ја откри д-р Бет Корбер од Националната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико. Пред две недели, на предавање во Њујоршката академија на науките, таа навести дека во базата на американски вирусни геноми забележала доста јасни докази за тоа.

Доколку нејзиното откритие биде потврдено, ова ќе биде првиот „рекомбинант“ откриен во оваа пандемија. Во декември и јануари, две истражувачки групи објавија дека не нашле емпириски доказ за рекомбинација на вирусот, иако тоа долго се очекувало, како што е вообичаено кај коронавирусите. За разлика од редовната мутација, каде што промените се акумулираат еден по еден, рекомбинацијата може да собере повеќе мутации во еден потег.

Рекомбинација се појавува во услови кога два различни вируси кои припаѓаат на ист род, на пример коронавирус или вирус на грип, инфицираат иста клетка и потоа со механизмот зарепликациски циклус ги мешаат производите од нивните генетски упатства, создавајќи нов вирусен ентитет кој ги комбинира овие претходни два вируса.

Ова создава вируси со нови карактеристики во смисла на можност за инфекција на клетките, репликација, можност за ширење кај популацијата, вирулентност и патогеност. Практично никој од популацијата нема развиено имунитет против ваквите нови форми на вирус, така што тие лесно се шират, што може да предизвика нови пандемии. Создавањето на нови рекомбинантни форми на вирусот и последователните пандемии беше почесто во минатото, а најпозната е пандемијата на шпански грип.

Бет Корбер забележала само еден рекомбинантен геном меѓу илјадници секвенци и сè уште не е јасно дали вирусот се пренесува од лице на лице или тоа се случило еднократно.

Д-р Сергеј Понд од Универзитетот Темпл во Пенсилванија, кој е специјализиран за рекомбинанти и споредува илјадници геномски секвенци пренесени во бази на податоци, забележува дека сè уште нема докази за широко распространета рекомбинација, но исто така потсетува на фактот дека сите „коронавируси се комбинираат, па прашањето е кога тоа ќе се случи, а не дали ќе се случи“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе