На најголемата ледена плоча на Антарктикот се појави нова пукнатина која ги изненади научниците. Покрај веќе постоечката се појави и нова, а само прашање на време е кога сантата лед од 3,2 илјади километри квадратни ќе се одвои.
Ако дојде до тоа, ледената плоча би можела да биде многу нестабилна и да се распадне. Научниците засега внимателно ја набљудуваат ледената плоча Larsen C.
Доколку дојде до колапс тоа би довело до подигање на нивото на морето за сантиметар, со што засекогаш би се променил Антарктикот.