Тенис

Нова сензационална победа на 15-годишната Кори Гоф на Вимблдон

4. јули 2019 - 9:31 | МИА

Лондон, 4 јули 2019 (МИА) – Петнаесет годишната Американка Кори Гоф, нарекувана уште Коко, продолжува со одличното претставување на тенискиот турнир Вимблдон.

Откако сензационално ја отстрани петкратната шампионка и нејзина обожавателка, Венус Вилијамс, Гоф победи и во вториот круг од Гренд-слем турнирот.

Таа победи со 6-3, 6-3 против Магдалена Рибарикова од Словачка, која е специјалист во игра на трева и поранешен полуфиналист на „Вимблдон“ од 2017 година.

Коко Гоф стана најмладата натпреварувачка, која ги надминала квалификациите на „Вимблдон“ и најмладата, која стигнала до 3-тиот круг, по Џенифер Капријати која се рангира во оваа фаза пред 28 години.

Пред големиот успех над Винус Вилијамс, Коко Гоф беше целосно непозната. Таа е надвор од првите 300 на светската ВТА листа. Таа се уште е ученичка и во пресрет на натпреварот со Вилијамс, требало да оди на тест.

Гоф вели дека повеќето од нејзините наставници немаат идеја дека игра тенис. За неа и нејзиното семејство, сепак успехот не е толку изненадувачки.

Често се опишува како одличен талент. Кога имала 11 години, Гоф била избран од тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, да тренира со него во Франција.

Коментирај