Новиот дрон на американската војска изгледа како летало од видеоигра
Воздушните сили на САД успешно го тестираа новиот дрон со авионски погон, кој е наречен XQ58-A Valkyrie. Тој е опишан како „новото специјално оружје на САД“, а неговата намена е еден ден да ги придружува борбените авиони на мисии.
Концептот на ова летало наликува на нешто што досега го имаме видено само во видеоигрите, пишува The Verge. „Тајната моќ“ на леталото е тоа што може да се користи со пилот, но и како мамка која го апсорбира нападот на противникот.