Новиот филм за Мерилин Монро ги вознемири гледачите

Филмот „Blonde“ на Netflix, инспириран од животот на Мерилин Монро, содржи експлицитна сцена во која холивудската дива е брутално силувана од американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Тоа вознемири дел од гледачите кои сметаат дека таа сцена е мачна и непотребна.

Филмот во кој глумат Ана де Армас, Едриен Броди, Боби Канавал, Хавиер Самуел, Каспар Филипсон и Џулиен Николсон неодамна е прикажан во кино и треба да биде достапен за гледање на Netflix на 28 септември.

Иако филмот прикажува некои реални аспекти од животот на починатата актерка, поголем дел од дејството е основано на фиктивниот роман на Џојс Карол Оутс од 2000 година.

Филмот предизвика бурни реакции откако во август доби оцена NC17, што значи дека деца помлади од 17 години не можат да го гледаат филмот дури ни под родителски надзор.

Но, сега е откриено дека филмот содржи повеќе сцени кои прикажуваат сексуален напад и насилство, вклучително и застрашувачка измислена сцена во која Кенеди ја принудува актерката на орален секс пред да ја силува. Потоа, Мерилин се буди во кревет со модринки по целото тело и оди во бањата да поврати.

Според Vulture, овој момент е „крајно напнат, вознемирувачки, непријатен и искористувачки“, додека твитерџиите го нарекоа „мачен“ и „непотребен“.

„Немам ништо против биографски филмови кои се стремат кон фикција, но измислување сцени на силување за да сe додаде на приказната која треба да ја критикува сексуализацијата едноставно е погрешно“, смета корисник на Twitter.

„Жената е почината, а вие тоа го користите како изговор за половина од филмот ја прикажете гола и тоа да стане практично порнофилм“, додава друг.

Филмот, исто така, содржи и сцена во која филмскиот продуцент Дерил Ф. Занук ја силува Мерилин, како и вагинална снимка.

Сепак, режисерот Ендру Доминк вели:

„Ако на публиката не ѝ се допаѓа филмот, тоа е нејзин проблем“, порача тој.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Read more

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Read more

Почина Драги Христов - Шпага

Read more

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Read more
 

Сцена

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Читај повеќе

Почина Драги Христов - Шпага

Читај повеќе

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за John Wick Chapter 4

Читај повеќе

Актери и актерки кои пораснале во сиромаштија, а денес се светски ѕвезди

Читај повеќе
  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Amazon Prime се мајтапи со Netflix за забраната за споделување лозинка

Читај повеќе