Новиот претседател на Јужна Кореја го повика Пјонгјанг на целосна денуклеаризација

Новиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол вети „храбар план“ за обнова на севернокорејската економија доколку Пјонгјанг се денуклеаризира.

Поранешниот јавен обвинител Јун Сук Јеол (61) денеска положи заклетва на церемонија пред парламентот во Сеул во шрисуство на илјадници луѓе.

Конзервативецот Јун победи на претседателските избори на 9 март со мала разлика, против лево-либералниот кандидат на владејачката Демократска партија, Ли Јае Мјунг.

Јун ќе отслужи петгодишен мандат и ќе го наследи Мун Џе Ин, кој исто така присуствуваше на положувањето заклетва.

Зборувајќи за време на церемонијата Јун ја обвини Северна Кореја дека ја загрозува безбедноста во регионот и пошироко со нејзината нуклеарна програма. Сепак, тој рече дека „вратата за дијалог ќе остане отворена за да може мирно да се реши оваа закана“.

Јун не објасни како би можел да изгледа тој план но рече дека ќе биде развиен во соработка со меѓународните партнери.

– Доколку Северна Кореја вистински почне процес за целосна денуклеаризација, ние сме подготвени да работиме со меѓународната заедница за да претставиме смел план што значително ќе ја зајакне севернокорејската економија и ќе го подобри квалитетот на животот на нејзиниот народ, рече тој. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе