Samsung објави видео во кое демонстрира играње со редизајнираниот Gear VR хедсет и новиот контролер.
Врвните VR додатоци се скапа работа, па HTC Vive и Oculus Rift можат да си ги дозволат мал број гејмери кои покрај нов треба да имаат и ѕверови од компјутер. Најисплатлив VR систем со висок квалитет е Sony PSVR кој по перформанси можеби не е толку добар како наведените два, но тоа брзо се заборава кога ќе го ставите на глава и ќе почнете со играње.
Единствена алтернатива моментално се хедсетовите во кои вметнувате мобилен телефон со квалитетен дисплеј со висока резолуција, а меѓу нив води Samsung Gear VR кој ја носи и ознаката на Oculus технологијата.
Samsung oдлучи малку да го освежи својот производ со нов модел и најави дека наскоро почнува и продажбата, веднаш штом на пазарот ќе се појават Samsung S8 и S8+. Главното подобрување е во контролерот кој може да се управува со една рака, како што може да видите во видеото.
Цената уште не е позната.