Новиот Xiaomi многу потсетува на iPhone 14 Pro поради еден важен детаљ

Xiaomi вчера во Кина претстави „копија“ на iPhone 14 Pro. Притоа, мислиме на предниот дел на телефонот и „пилулата“ на врвот.

Значи, првата и главна продажна точка на овој телефон е дизајнот на предниот дел, кој се базира на iPhone 14 Pro. Пилулата која се наоѓа на горниот дел од екранот на овој телефон крие две предни камери.

Двете камери имаат сензори од 32 MP. Главниот сензор има поддршка за AF и отвор од f / 2.0, додека вториот е ултра широк сензор за групни селфи фотографии и нуди видно поле од 100 степени.

URL

Civi 2 е првиот паметен телефон од Xiaomi кој има преден LED блиц. Овој блиц всушност има четири LED диоди, а Xiaomi вели дека може да дава реални бои во различни средини.

Екранот на телефонот е 6,55 инчи, Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz. Екранот поддржува Dolby Vision, HDR10+ и DCI-P3 опсег на бои.

На задната страна, телефонот има правоаголен исечок во кој се наоѓа главниот сензор за камера од 50MP f/1.8 Sony IMX766, ултра широк сензор од 20MP со видно поле од 115 степени и макро сензор од 2MP f/2.4.

URL

Под капакот на телефонот се крие батерија со капацитет од 4500mAh со поддршка за брзо полнење од 67W.

Xiaomi Civi 2 се напојува со Qualcomm Snapdragon 7 Gen 1 и доаѓа во три конфигурации на меморија - 8/128 GB, 8/256 GB и 12/256 GB.

Ќе биде достапен во четири бои – бела, розова, сина и црна, а почетната цена на телефонот Xiaomi Civi 2 во Кина е околу 350 евра.

Xiaomi не објави детали за интернационална достапност, но постои можност телефонот да пристигне на глобално ниво под друго име или бренд.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе