Škoda објави тизери од концептот VisionS кој треба да дебитира на автомобилскиот саем во Женева. Чешката компанија веќе подолго време работи на SUV модел, а ќе го најави со овој концепт. Тој е делумно базиран на концептот VisionC од 2014 година, а ќе има три реда седишта.
VisionS е долг 4,7 метри, широк 1,91 метри, а висината е 1,68 метри.
Тизерите покажуваат атрактивно возило со динамична линија на покривот, и агресивен дизајн на страните. Напред има LED светла и нов изглед на предната маска, додека од задната страна има LED светла, спојлер на покривот, како и две издувни цевки интегрирани во браникот.
Серискиот модел ќе ја носи ознаката Kodiak, а ќе биде претставен на саемот за автомобили во Париз во текот на октомври.