Променливо облачно и посвежо, на места со повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 32 степена.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 28 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а локална нестабилност ќе има во петок.