Во Лондон синоќа се одржа свеченоста за избор на 50-те најдобри ресторани во светот за 2022 година.
На прво место е данскиот „Гераниум“, сместен на осмиот кат од зграда со поглед на градините „Фелдпаркен“ во Копенхаген.
Тоа е и првиот дански ресторан што освои три Мишелин ѕвезди во 2016 година. Интересно е што откако престанал да јаде месо, во 2022 година, готвачот и сосопственик, Расмус Кофед го направи и „Гераниум“ – „зона без месо“, сосредоточувајќи се исклучиво на околната морска храна, риба и зеленчук од органски и биодинамични фарми во Данска и Скандинавија.