Одиме на Марс: Научници открија идеално растение за садење во неплодна почва

Научниците тврдат дека откриле идеален кандидат кој не само што би бил одличен почеток, туку може да се користи и како ѓубриво.

Условите на Црвената планета се многу посурови и копното на неа не е исклучок. Почвата не само што е слаба и без органска материја и корисни микроби, таа е и многу заситена со соли и минерали, поради што повеќето растенија на Земјата никогаш не би можеле да напредуваат во неа. Ново научно истражување, сепак, сугерира решение - луцерка, позната и под научното име Medicago sativa.

Способна не само да преживее, туку и да се развива во вулканска почва со сличен состав на онаа што го покрива Марс, научниците веруваат дека може да претставува исклучително добра основа како почетна култура, пренесува Science Alert.

Со тек на време луцерката би ја збогатила почвата на плантажите каде што се одгледува, а нејзините остатоци освен за храна би можеле да се користат и за ѓубрење и дополнително збогатување на почвата каде подоцна би можеле да се одгледуваат репка, ротквици и зелена салата.

„Поради ниската содржина на хранливи материи во почвата на Марс и високата соленост на водата, културите не би можеле да се одгледуваат. Затоа, од суштинско значење е да се зголемат хранливите материи во почвата и да се намали соленоста на долг рок“, се наведува во новата студија, објавена во списанието PLOS One.

Од луцерка до салата

Претходните истражувања покажаа дека дури и оние екстремно издржливи растителни култури од Земјата не можат успешно да се одгледуваат без да се донесат и додадат ѓубрива во почвата во која би растеле. Тука стапува на сцена луцерката. Експертите утврдиле дека луцерката може да расте во марсовскиот реголит без додавање ѓубрива.

Уште поважно, тестирале и како би се однесувал симулираниот реголит од Марс доколку се наѓубри со луцерка. Во него успешно одгледале репка, ротквици и зелена салата - три растенија кои бараат многу малку одржување, брзо растат и не им треба многу вода.

Но, постои еден улов - потребна е свежа, слатка вода. Врз основа на понатамошни експерименти, научниот тим смета дека солената вода од Марс може да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира низ вулканската карпа за да се добие свежа, слатка вода потребна за одгледување.

„За прв пат е слислена интегрирана употреба на биоѓубрива и микроби за обработка на базалт реголит и солена вода како би се создале ресурси за одржливо одгледување растенија“, велат истражувачите.

Одгледувањето луцерка на Марс и нејзиното користење за збогатување на почвата би решило многу од логистичките проблеми за транспорт на огромни количини ѓубрива и храна милиони километри до Марс.

Нешто повеќе за луцерката

Луцерката е едно од најраспронатите индустриски растенија. Во Македонија е познато и под името детелина и турцизмот јонџа.

Од луцерка се произведува висококвалитетна сточна храна, важна за исхрана на сите видови домашни животни. Се карактеризира со висока содржина на сурови протеини кои се движат од 18-22% во зависност од старосната фаза на вегетативните органи. Протеините од луцерка имаат многу добар аминокиселински состав и се со висока биолошка вредност. Нивниот состав на аминокиселини е сличен на протеините од животинско потекло. Луцерката содржи витамини: А, Б1, Б2, Б3, Ц, Д, Е. Богата е со некои органски киселини (лимонска, јаболкова и сл.). Се карактеризира со богатство на минерални материи, особено калциум, кој е важен во исхраната на добитокот, за производство на млеко и како составен дел на коските за младите говеда. Содржи и важни хемиски елементи: калиум, фосфор, магнезиум итн. Се користи за исхрана на добитокот во различни форми: како сено, силажа, дехидрирани растенија, поретко како зелена сточна храна и за напасување на добитокот. Непрекинато се користи 4-5 години, давајќи 4-5 сечи годишно.

Нејзината улога не е само за хранење на добитокот, туку има особено важно место во плодоредот. Уништувањето на полињата со луцерка остава големи количества органски материи во почвата, чие распаѓање и минерализација ги подобрува физичките, хемиските и микробиолошките својства на почвата.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе