Одложена отплата на кредити нема да има за сите корисници

Скопје, 1 септември 2020 (МИА) – Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитите само за клиентите кои имаат реална, неопходна потреба како на пример да останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и слично, соопштија од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Фото: Кајгана
Фото: КАЈГАНА

– Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, се наведува во денешното соопштение.

Детални информации ќе објави секоја банка на својата интернет-страница во најкус можен рок, а од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

– Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука, појаснуваат од МБА.

Граѓаните ќе имаат можност да користат до шест месеци продолжување на рокот на отплата на кредитите, а доколку сакаат при променети, подобри услови, ќе можат да побараат од банката да се вратат на редовна отплата и пред истекот на периодот од шест месеци.

Периодот на одложена отплата на кредитите завршува на 30 септември. Како што информираат од МБА, дел од клиентите одлучиле да се вратат во редовна отплата на кредитите, а сите други согласно Договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

Народната банка попладнево соопшти дека банките можат на своите клиенти да им понудат втора одложена отплата на кредитните обврски.

Оттаму информираат дека ваквата одлука е донесена по неколкуте одржани состаноци со Македонската банкарска асоцијација со цел да им се помогне на клиентите погодени од пандемијата.

– Условите и начинот на промена на договорените услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје, се наведува во соопштението од централната банка.

Вториот период на одложена отплата на кредитите може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

– Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата, велат од Народната банка, додавајќи дека постојано се следи развојот на настаните и потенцијалните ризици и доколку е потребно навремено ќе реагира со натамошни мерки.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Read more

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Read more

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Read more

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more
 

Вести

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе