Официјален трејлер за серијата „Obi-Wan Kenobi“
Љубителите на „Star Wars“ со душа ја чекаат најавената серија за Оби-Ван Кеноби, а сега имаат прилика да ѕирнат во официјалниот трејлер.
Disney+ најави дека серијата ќе почне да се еминува од 25 мај на нивната платформа.
Во главната улога, односно ликот на џедајот Оби-Ван Кеноби, се појавува Јуан МегГрегор, кој всушност ја репризира улогата од трилогијата од 1999-2005. Тука е и Хејден Кристенсен кој повторно ќе биде Анакин Скајвокер, односно Дарт Ведар. Се појавуваат и Џоел Едгертон, Бони Пис, Руперт Френд, Моузес Инграм, Сан Кан и Индира Варма.
Сценариото е на Џоби Харолд, а режијата на Дебора Чоу.