По отказот од Наполи по завршувањето на сезоната во италијанската Серија А, Џенаро Гатузо има нов ангажман како тренер на Фиорентина.
Официјалната потврда за доаѓањето на Гатузо е објавена на интернет страницата на Фиорентина.
Во тренерската кариера, Гатузо има еден трофеј, и тоа со Наполи, кога во сезоната 2019/20 го освои Купот на Италија.