Netflix потврди дека глобалниот хит „Squid Game“ ќе има и втора сезона.
„Squid Game“ стана најгледана серија кога беше прикажана во септември, 2021 година. Дејството се одвива околу натпреварувачи кои поради недостиг на пари играат игри од детството за да добијат шанса за сума на пари која ќе им го промени животот.
Серијата инспирира безброј мемиња на интернет, костими и слично.
Сценаристот и режисер Хванг Донг Хјук изнесе неколку детали за втората сезона на серијата, во писмо кое Netflix го објави. Објаснува кои ликови ќе се вратат и што ќе се случи во новата сезона.
Netflix не соопшти кога ќе биде прикажана новата сезона, но во претходно интервју режисерот навести дека нема тоа нема да се случи до крајот на 2023 година.