Она кога имаш ангел чувар
Пешак чудесно избегна да биде прегазен од автомобил кој се тумбаше.
Снимката е од безбедносна камера во градот Бабрујск во Белорусија. Автомобилот се превртел неколку пати, а потоа запрел на тркалата по што возачот излегол.
Според тамошните медиуми, зачудувачки, дури ни патниците во автомобилот не биле повредени.