Османи: Посетата на Бугарија е историска

Посетата на Бугарија е историска, а целта ни е да постигнеме напредок во процесот на евроатлантска интеграција, изјави вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи во интервју за бугарската новинска агенција БТА.

„Првата билатерална посета на делегација на новата македонска Влада е во Бугарија. Веќе имавме посета и на Брисел, но ова е првата билатерална и целта ни беше да ги затвориме отворените прашања со соседите и да побараме поддршка од Бугарија со оглед на нејзиното претстојно претседавање со ЕУ, за да го вклучи прашањето за членство на Македонија на дневниот ред на Унијата, вели Османи.

Според Османи, резултатите од посетата се одлични, а најважно е што делегациите на двете влади го договориле текстот на договорот за добрососедство. Остануваат само некои технички детали кои се надева дека ќе бидат усогласени до посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Скопје на 2 август.

„Нашата цел е да ги затвориме сите отворени прашања – прашањето за Рамковниот договор во Македонија, прашањето на договорот за добрососедство со Бугарија, за на крај да остане само прашањето за името со Грција. Тоа е тешко и емоционално прашање за чие решавање напори треба да вложат сите партии и страни“, изјави Османи.

Посочува дека од договорот за добрососедство со Бугарија останале да се прецизираат некои прашања од заедничката историја. И двете влади, вели Османи, сметаат дека историјата на Балканот е испреплетена меѓу сите народи и оти таа не треба да разделува туку да зближува.

„Ние ја почитуваме заедничката историја, но сметаме дека треба да гледаме напред кон иднината и да се стремиме да напредуваме како европски држави“, вели Османи.

На прашањето за улогата на економијата и инфраструктурните проекти во односите меѓу двете земји, вицепремиерот Османи наведува дека економската соработка меѓу Македонија и Бугарија не е на потребно ниво и оти има многу можности за нејзино унапредување. Дел од причините за тоа, според него, се политички, но дел и поради тоа што недостигаат конкретни проекти за соработка. Посочува дека има одлична соработка во однос на проектите финансирани од ЕУ за прекугранична соработка и оти се реализирани повеќе од 100, значителен број се подготвени, а повеќе од 45 се во фаза на реализација.

„Секако дека можеме повеќе. Затоа прво треба да се уредат политичките односи за да може потоа компаниите и бизнисмените да ја развиваат соработката, а нашата посета на Софија дава таков стимул“, додава Османи.

Тој ја нагласува и улогата на Берлинскиот процес за поврзувањето на земјите од регионот со транспортни коридори и енергетски системи што, како што вели, ќе го подготви подобро Западен Балкан за членство во ЕУ.

Осврнувајќи се на спорот со Грција за името, Османи истакнува дека тоа е емоционално прашање, а таму каде што има емоции нема рационалност.

„За жал, во изминатиот период наместо да се остават емоциите и да се гледа рационално, на прашањето се долеваше бензин. Затоа почна процес на создавање мерки за доверба меѓу двете страни. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја посети Грција веднаш по формирањето на новата Влада за да испрати порака дека ние сме подготвени на компромис за спорот за името. Јас исто така како вицепремиер за евроинтеграции испратив порака до моите грчки партнери дека треба да почнеме комуникација со цел да ја зајакнеме довербата меѓу граѓаните имајќи го предвид заедничкиот интерес од соработката и перспективата на регионот“, рече Османи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе