Остар пад на еврото во однос на доларот

На глобалните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути силно порасна минатата недела бидејќи американскиот ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па курсот на еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 3 отсто, на 112,96 поени, а во еден момент, за првпат по 20 години, се проби над нивото од 113 поени.

Во исто време, доларот скокна за 3,2 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 0,9690 долари, најниско ниво во последните 20 години. Сепак, курсот на доларот ослабе во однос на јапонската валута, за 0,3 отсто, на 143,30 јени.

Скокот на индексот на доларот втора недела по ред е благодарение на дополнителното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. По дводневната сесија, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени во средата, трет пат по ред, на опсег од 3 до 3,25 отсто, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.

Бидејќи инфлацијата во САД се движи близу до највисоките нивоа во повеќе од 40 години, централната банка најави натамошни зголемувања на цената на парите. Така, според проценките на првиот човек на ФЕД, каматните стапки до крајот на оваа година би можеле да се зголемат на 4,4 отсто, а до крајот на следната година на 4,6 отсто.

Тоа значи дека до крајот на оваа година ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за уште 1,25 процентни поени, а во следната година за 0,25 поени.

Ваквото брзо зголемување на каматните стапки, кое започна во март годинава, претставува најагресивно зголемување на цената на парите од 1990 година, кога ФЕД почна да ја користи каматата на заемите преку ноќ како основна алатка на монетарната политика.

Интервенција на јапонските власти

Од друга страна, јапонската централна банка на минатонеделната седница одлучи дека ќе продолжи да води многу лабава монетарна политика за поддршка на економијата, иако инфлаторните притисоци постепено се засилуваат и во Јапонија.

Како резултат на тоа, курсот на долар/јен се проби над нивото од 145 јени за првпат по 24 години на средината на неделата. Но, набрзо падна бидејќи јапонските власти интервенираа на пазарот со купување на јенот.

Благодарение на ова, јенот благо зајакна во однос на доларот минатата недела, за прв пат по четири недели слабост.

Еврото и фунтата под силен притисок

Но, доларот силно порасна во однос на еврото, иако Европската централна банка од летото ги зголемува клучните каматни стапки за да ја спречи рекордната инфлација во еврозоната. Сепак, се чини дека ФЕД има повеќе простор за заострување на монетарната политика отколку ЕЦБ, со оглед на тоа што американската економија се уште е релативно стабилна, додека на еврозоната и се заканува рецесија поради енергетската криза.

Така, во петокот, истражувањето на S&P Global покажа дека деловните активности во еврозоната повторно паднале во септември, трет месец по ред, според индексот на менаџери за набавка (PMI). „Многу е веројатна рецесија во еврозоната“, заклучи економистот на S&P Global, Крис Вилијамсон.

Слична е ситуацијата и во Британија, па минатата недела курсот на фунтата потона за повеќе од 3 отсто, на 1,0840 долари, најниско ниво во последните 37 години.

Минатата недела британската централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени, седма сесија по ред, и соопшти дека економијата веќе веројатно е во рецесија.

Иако на американската економија ѝ се заканува рецесија, доларот навистина делува како „безбедно засолниште“ во моментов, повеќе од кога било во последните неколку децении, бидејќи војната во Украина и нејзините последици не влијаат на домашните цели во САД, вели Хуан Перез, директор за трговија во компанијата Monex USA.

Вака продолжи подемот на американската валута минатата недела. Од почетокот на годината, доларот зајакна за околу 16 отсто во однос на кошничката валути, па така е на пат кон најголемата годишна добивка барем од 70-тите.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе