Отечените нозе може да бидат предупредување за еден вид рак

Отечените нозе може да бидат здравствен проблем сам по себе, но и симптом за поопасна болест.

Ракот на грлото на матката често се нарекува тивок убиец бидејќи може да се развива бавно без многу видливи симптоми и често се препознава само кога е предоцна.

Дури и ако некој почувствува симптоми, може да ги помеша со несакани ефекти од менструалниот циклус, имено вагинално крварење и болки во стомакот, кои се меѓу најчестите знаци.

Ракот на грлото на матката може да се манифестира и на други начини, во зависност од тоа колку е напреднат. Како што објаснуваат лекарите, на самиот почеток се појавува еден необичен знак за овој вид на рак, иако многу жени го игнорираат. Се работи за отечени нозе.

Имено, отокот или болката во нозете често се предизвикани од ширење на ракот во блиските лимфни јазли. Најчестите места каде што се шири ракот на грлото на матката се лимфните јазли, но и црниот дроб, белите дробови и коските. Лимфните јазли се дел од жлездениот систем на телото кој ги филтрира телесните течности и се бори против инфекцијата, а најчестиот симптом кога ракот се шири на лимфните јазли е тоа што тие стануваат отечени.

Како што додаваат, клетките на ракот можат да го спречат и одливот на лимфната течност, што доведува до отекување на нозете поради насобирање течност, објаснуваат лекарите. Други симптоми на кои треба да обрнеме внимание бидејќи може да укажуваат на рак на грлото на матката се:

  • вагинално крварење
  • необичен исцедок
  • карлична болка
  • болка за време на или после сексуален однос
  • проблеми со мокрењето
  • ненадејно губење на тежината
  • замор.

Отeчени нозе: Причини, симптоми и кога треба да одите на лекар?

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе