Откачени обичаи за прослава на Нова година низ светот

Ако уште не сте одлучиле како да го прославите доаѓањето на новата година и не ви се интересни локалните обичаи кај нас, позајмете инспирација од овие необични новогодипни традиции ширум светот и дочекајте ја новата година со нов ентузијазам.

Шпанија

Според шпанската традиција, ако може во уста да ставите 12 зрна грозје на полноќ (по едно за секој месец во годината) ќе имате година исполнета со среќа. Можеби годинава може да го замените шампањското со овошје.

Јапонија

Храмовите низ цела Јапонија на полноќ ѕвонат 180 пати, според еден будистички обичај, по еднаш за секој човечки грев. Со ѕвонењето се верува дека се прочистуваат луѓето од сите гревови што ги направиле во текот на годината и да ги подготви за нов почеток.

Данска

Иако можеби ви се чини дека кршењето чаши и чинии не носи среќа, во Данска важи обратното. Луѓето излегуваат на улица на полноќ и им кршат чаши и чинии на соседите пред врата. Се верува дека колку повеќе искршени делови најдете пред својата куќа, толку посреќни ќе бидете во годината што доаѓа.

Филипини

На Филипините се смета дека тркалезните предмети носат среќа и новогодишната традиција налага сѐ да биде фокусирано околу кругови, од она што го носите на себе до она што го јадење. Облечете фустан или машна со точки и славете на филипински начин!

Естонија

Естонците имаат новогодишен обичај кој се чини ние Македонците сме го присвоиле без да знаеме дека носи среќа. Во Естонија постои верување дека ако изедете 7, 9 или 12 оброци во текот на денот, ќе имате изобилство од храна и среќа во новата година. Колку повеќе ќе изедете, толку посреќни ќе бидете. Затоа, нафрлете се на руската салата со кифлички!

Русија

Пиењето шампањ на полноќ можеби е клише, но Русите го имаат подигнато на едно ниво погоре: ја пијат новогодишната желба. Русите веруваат дека ако ја напишат новогодишната желба на парче хартија, го запалат непосредно пред полноќ и пепелта ја истурат во чашата за здравица и ја испијат пред часовникот да отчука полноќ, желбата ќе им се исполни.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе