Откриена крими банда: Бугари и Романци на бизарен начин ги мамеле обложувалниците

Интерпол, Европол и шпанската полиција разоткрија криминална организација која ги измамила обложувалниците на необичен начин и тоа по покрената истрага во 2020 година поради серијата сомнителни облози.

Имено, државјани на Бугарија и Романија основале криминална мрежа во Шпанија следејќи различни спортски натпревари во живо со помош на технологија и на тој начин гледајќи го резултатот и што ќе се случи пред обложувалниците да го регистрираат.

Тие тогаш можеле лесно да вршат големи уплати преку интернет и дошле до сериозни пари, а лидерот на организацијата, поранешен бугарски пингпонгар, дури и подмитувал некои фудбалери кои играле за романски клубови.

Европол наведува дека членовите на оваа група најчесто се обложувале на натпревари во азиските и јужноамериканските фудбалски лиги, но и во Бундеслигата, Лигата на нации, Мундијалот во Катар и АТП и ИТФ тениските турнири.

Во полициската акција уапсени се 23 лица, претресени се четири куќи, две се одземени, како и три луксузни возила, два сателита, уред за блокирање сигнал, 47 банкарски сметки, 80 мобилни телефони...

URL

Организацијата била поврзана со други криминални групи низ Европа, а местењето фудбалски натпревари било посебно истражувано во Романија, каде што криминалната мрежа била најактивна.

Водачот на групата на почетокот на септември бил екстрадиран во Шпанија, дел од групата сѐ уште е во бегство, а истрагата не е затворена бидејќи полицијата се обидува да ги идентификува корумпираните спортисти вклучени во целата приказна.

реклама

Фудбал

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Read more

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Read more

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Read more

Челси се збогати во САД, Палмер и другарите заработија над 100 милиони евра

Read more
 

Спорт

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Читај повеќе

Рафаел Надал ќе му биде ментор на Александар Зверев

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Читај повеќе

Челси се збогати во САД, Палмер и другарите заработија над 100 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна сцена: Трамп одби да го напушти подиумот при прославата на играчите на Челси

Читај повеќе

Рекордна година: Колку заработи Синер со освојувањето на Вимблдон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос на крајот од финалето ПСЖ - Челси, бесниот Луис Енрике удри играч

Читај повеќе

Леброн ги напушта Лејкерс?

Читај повеќе