Откриени уште 50 гени кои ја одредуваат бојата на очите кај луѓето

Во студија спроведена на 195.000 луѓе, научници во Лондон и Ротердам откриле дека генетиката што влијае на бојата на очите е многу посложена отколку што се сметаше порано.

Science Advances ги објави резултатите од истражувањето на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон и Медицинскиот центар на универзитетот Еразмо во Ротердам, најсеопфатно досега од ваков вид.

Тоа беше потрага по гени кои, како што се покажа, во многу сложена интеракција ја одредуваат бојата на очите кај луѓето. Научното списание Neuroscience News објаснува дека причината за истражувањето била што подобро разбирање на очните болести, како што се пигментарен глауком и окуларен албинизам, нарушувања во кои пигментот во окото игра важна улога.

Анализата вклучувала испитаници од Европа и Азија и покрај тоа што биле откриени 50 гени кои влијаат на бојата на очите, а за чија функција не се знаело досега, исто така е откриено дека бојата на очите кај Азијците кои имаат различни нијанси на кафеава боја, генетски всушност е многу слична на Европејците во кои бојата на очите варира од темнокафеава до светло сина.

Претходно, се сметаше дека бојата на очите ја одредуваат многу малку гени, само еден или два, дека темнокафеавата боја на очите е генетски доминантна во однос на сината, но неодамнешното истражување укажува на веројатноста дека станува збор за неспоредливо посложена слика.

„Наодите се возбудливи бидејќи тие нè приближуваат до разбирање на гените кои предизвикуваат една од највпечатливите црти на човечките лица, нешто што ги интригирало луѓето низ историјата. Ова ќе го подобри нашето разбирање за многу болести за кои знаеме дека се поврзани со одредени нивоа на пигментација“, вели за Neuroscience News Пира Хиси од Кралскиот колеџ во Лондон, еден од водачите на студијата.

Неговиот колега др. Манфред Кајзер од Еразмо Ротердам додава:

„Ова истражување открива сознанија за генетиката кои се потребни за да се предвиди бојата на очите од ДНК, што веќе се користи во антрополошко и форензичко истражување, но со ограничена точност за луѓето кои немаат кафеави или сини очи.“

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе