Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија, Sagittarius A*, брзо се врти и го менува простор-времето околу неа, покажа новото истражување.

Простор-времето е четиридимензионален континуум кој опишува како го гледаме просторот, спојувајќи го еднодимензионалното време и тродимензионалниот простор заедно за да ја претстави ткаенината на просторот што се криви како одговор на масивните небесни тела.

Тим физичари ја набљудуваа црната дупка, која се наоѓа на 26.000 светлосни години од Земјата, со опсерваторијата на НАСА за рендгенски зраци Chandra, телескоп дизајниран да ги детектира емисиите на Х-зраци од жешките региони на вселената. Тие ја пресметале стапката на ротација на Sagittarius А* користејќи го она што е познато како метод на одлив, кој ги набљудува радио брановите и емисиите на Х-зраци што може да се најдат во материјалот и гасот што ги опкружува црните дупки, инаку познати како акрециони дискови, според студија објавена на 21 октомври во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Истражувачите потврдија дека црната дупка се врти, што го предизвикува она што е познато како Ленс-Тиринг ефект. Исто така познат како влечење рамка, Ленс-Тиринг ефектот е она што се случува кога црна дупка го влече просторот заедно со своето вртење, рече водечката авторка на студијата Рут Дејли, професорка по физика на Универзитетот „Пен Стејт“, која го разви методот на одлив пред повеќе од една деценија.

Од пронаоѓањето на методот на одлив, Дејли работеше на одредување на спинот на различни црни дупки и е автор на студија од 2019 година која истражуваше над 750 супермасивни црни дупки.

„Со оваа ротација, Sagittarius А* драматично ќе го промени обликот на простор-времето во негова близина. Навикнати сме да размислуваме и живееме во свет каде што сите просторни димензии се еднакви - растојанието до таванот и растојанието до ѕидот и растојанието до подот се некако линеарни, не е како да е тотално згмечено во однос на другите. Но, ако имате брзо ротирачка црна дупка, време-просторот околу неа не е симетричен - црната дупка што се врти го влече целото простор-време со себе... го гмечи простор-времето и некако изгледа како фудбалска топка“, рече Дејли.

„Промената на простор-времето не е причина за загриженост, но расветлувањето на овој феномен може да биде многу корисно за астрономите“, појасни Дејли.

„Тоа е прекрасна алатка за разбирање на улогата што ја играат црните дупки во формирањето и еволуцијата на галаксиите. Фактот дека тие се динамични ентитети кои можат да се вртат... а потоа тоа може да влијае на галаксијата во која се наоѓа ова - тоа е многу возбудливо и многу интересно“, објасни научникот.

Вртењето на црната дупка има вредност од 0 до 1, каде што 0 значи дека црната дупка не се врти, а 1 е највисоката вредност на вртење. Претходно, немаше консензус за вредноста на спинот на Sagittarius А*, додаде Дејли.

Со методот на одлив, кој е единствениот метод кој користи информации и од одливот и од материјалот во близина на црната дупка, рече Дејли, беше откриено дека Sagittarius А* има аголна вредност на моментум помеѓу 0,84 и 0,96, додека M87* - црна дупка во кластерот галаксија Девица, оддалечена 55 милиони светлосни години од Земјата, се врти со вредност од 1 (со неизвесност поголема од плус или минус 0,2) и е блиску до максимумот за нејзината маса.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе