Откритија кои засекогаш ја променија автомобилската индустрија

Дали може да замислите возење по дожд, а да немате брисачи на шофершајбната? Оваа ситуација била секојдневие на многу возачи во минатото. 

Денешните автомобили имаат многу можности, од загревање на седиштата, до автономно возење. Со ваквите опции лесно се заборава дека првите автомобили биле на пареа.

Ова се пет откритија кои засекогаш ја променија автомобилската индустрија.

Вулканизирана гума

Во почетокот на 1830 година, во Америка ситуацијата излегла од контрола кога купувачите откриле дека нивните нови чевли и чанти се топат преку лето.

Чарлс Гудјир, трговец со железо, поминал години обидувајќи се да открие како да ја стабилизира гумата. Во 1839 година, тој се обидел со азотна киселина, терпентин и сумпур. Наместо да се растопи и омекне, гумата зацврснала. Процесот бил наречен вулканизација, а Гудјир го патентирал.

Асфалт

Благодарение на комерцијалниот асфалт кој го измислил Едвард де Смедт во 1870 година, автомобилските гуми се прилагодуваат на подлогата и го прават возењето да биде пријатно и комфорно искуство.

Де Смедт бил толку заинтригиран за да направи асфалт како оној кој го видел во Швајцарија, па правел експерименти со прашина од јаглен и песок. Експериментот бил успешен, па почнале со асфалтирање на улиците во Вашингтон и Њујорк кои најпрвин ги користеле велосипедистите, а подоцна и возачите на автомобили.

Брисачи

Првите автомобили имале проблем со видливоста бидејќи немале брисачи.

Мери Андерсон е првата која составила план за направа која би била монтирана на шофершајбната. Таа го патентирала дизајнот за брисачи во 1903 година, а во текот на 1910 година кога започнало масовното производство на автомобили, брисачот за стакла станал дел од новитетите на сите модели.

Бензин

Рафинериите за нафта произведувале бензин уште од средината на 1800-тите години, но процесот на производство бил неефикасен и спор, а целта била да направат керозин.

Со откривањето на бензин со внатрешно согорување во доцните осумдесетти, се зголемила побарувачката за бензин, па тогаш пронашле начин како по скратена постапка да се произведе бензин. Од 1913 година бензинот е широко достапен.

реклама

Автомобили

Кои бои на автомобили бea актуелни во 2021 годинa?

Read more

Lamborghini Huracan Turbo или Kawasaki H2R - кој е побрз?

Read more

Погледнете како изгледа батеријата на електричниот Hyundai Ioniq 5

Read more

Сцени од снимањето на новиот Џејмс Бонд: Во главната улога најбрзиот Land Rover

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе
  • filter

26 април 1986, експлодирала нуклеарната централа во Чернобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе