Ракомет
ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Ова се најдобрите голови од првата фаза на ракометното ЕУРО

17. јануари 2020 - 12:25 | Ф.З.

Европската ракометна федерација ги одбра најдобрите голови постигнати во првата фаза по групи. Има еден наш гол, како и еден постигнат против нас.

Навистина, првата фаза изобилуваше со преубави голови што и се гледа по направениот избор. Цепелини, пируети, голови од зад грб, од свртување и топовски удари.

Голот на Кире Лазаров постигнат на две секунди до крајот што ја донесе победата над Украина во првото коло е меѓу десеттте избрани.

Таму е голот на Чехот Марек Ванчо кој од крило го постигна против Македонија.

Коментирај