Паѓаат цените на азиските берзи, доларот слабее

Цените на азиските берзи паднаа, главно во технолошкиот сектор, откако Micron предупреди дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите залихи и послабата побарувачка. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, околу 19 часот вчера беше во минус за 0,6 отсто.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг се лизнаа меѓу 0,7 и 2,2 отсто. Во Австралија, пак, тие се зголемени за 0,2 отсто. Технолошкиот сектор е под најголем притисок бидејќи инвеститорите беа загрижени од вчерашното предупредување на Micron Technology дека ќе ги намали инвестициите и производството на мемориски чипови и инвестиции.

Цената на акциите на Micron вчера потона за речиси 7 отсто, а утрово акциите на производителот на чипови се под најголем притисок на азиските берзи. Цените на акциите на кинеските пазари, исто така, значително паднаа, бидејќи инвеститорите се загрижени за натамошното зголемување на бројот на заболени од COVID-19, што може да ги натера властите да се откажат од олеснување на рестриктивните мерки.

Така, индексите на азиските берзи го следат вчерашниот пад на Волстрит. Dow Jones загуби 0,12 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,83 отсто, а Nasdaq индексот 1,54 отсто. По силниот скок на крајот на минатата недела, од почетокот на оваа недела, овие индекси значително флуктуираа, растејќи еден ден, за да ги загубат тие добивки веќе следниот ден.

Бидејќи моментумот на пазарот е ослабен, поттикнат од слабеењето на инфлаторните притисоци и надежта за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, па затоа се тргува претпазливо во последните денови. Меѓу најголемите губитници вчера беше трговскиот сектор со просечен пад од 1,5 отсто.

Геополитички тензии

Во меѓувреме, цената на акциите на Target падна за повеќе од 13 отсто бидејќи трговецот на мало ги изненади инвеститорите со приближно 50 отсто пад на заработката во третиот квартал и најава за послаба продажба во тековниот празничен квартал.

Предупредувањето на Target влијаеше на цените на акциите на другите стоковни куќи, како што се Macy's, Best Buy и Foot Locker.

„Предупредувањето на Target покрена прашања за иднината на приходите од малопродажниот синџир и трошењето на потрошувачите“, рече Чак Карлсон, директор во Horizon Investment Services.

Пазарите се поддржани од смирувањето на геополитичките тензии во врска со експлозијата во Пржеводов, село во источна Полска, во близина на границата со Украина, во која завчера загинаа две лица. Проектилот што ја погоди Полска веројатно е залутан проектил испукан од украинската противвоздушна одбрана, а не руски напад, рекоа од Полска и НАТО.

Доларот ослабе, цената на нафтата падна

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,46 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,57 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 139,85 на 139,50 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0375 долари, додека вчера во ова време беше 1,0360 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,10 отсто, на 91,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,30 отсто, на 84,45 долари.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе