Во каталонскиот гигант Барселона се лути бидејќи во медиумите протекуваат информации од клубот и поради тоа решиле да тргнат во потрага по „кртот“ во соблекувалната.
Некој од клубот дава доверливи информации за медиумите, затоа челниците платиле детектив да го истражи сето тоа, а тренерот Чави Ернандес ја презел работата во свои раце.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Чави лично ги зел мобилните телефони на своите соработници од стручниот штаб и ги прегледал нивните пораки на апликацијата WhatsApp, додека професионалниот детективски тим има задача да го стори истото со фудбалерите.
Исто така, детективот ќе бара дали има вградени микрофони во соблекувалната на каталонскиот клуб, па дури и ќе влезе во туш кабините на играчите.
За тоа време Чави му забрани на стручниот штаб на клубот да присуствува на важни состаноци со помошниците тренери и тимот, додека не се утврди кој ја објави информацијата во јавноста.
Чави е сомничав кон дел од стручниот штаб (економистите, тим менаџерот итн.), па тие ќе отсуствуваат од тимските состаноци до понатамошно известување.
Шпанските медиуми наведуваат дека довербата меѓу играчите е нарушена, исто како и меѓу персоналот, а Чави е на готовност и презема детективски обврски за да го реши тековниот проблем.
За потсетување, Чави ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната и клубот активно бара негова замена. Во моментов најмногу се споменува името на Роберто де Зерби, актуелниот менаџер на англискиот клуб Брајтон.