Анте Ребиќ даваше интервју кога Бадељ глумејќи новинар почна да му ја снима изјавата, па се уфрли Перишиќ довикувајќи му да почне да зборува на италијански по што Ребиќ се изнервира и си замина, оставајќи ги новинарите сами.
Репрезентацијата на Хрватска се подготвува за утрешниот квалификациски натпревар против Словачка на гости, па по тој повод Анте Ребиќ даваше изјава пред новинарите во Трнава.
На новинарската екипа ѝ се приклучи неговиот соиграч Милан Бадељ кој го подаде својот мобилен имитирајќи новивар како ја снима изјавата на Ребиќ. На тоа Ребиќ се насмеа, иако го деконцентрираше, но она што следуваше и тоа како го изваде од такт. Во позадина Иван Перишиќ го испровоцира дофрлувајќи му „dai parla italiano“ (ајде зборувај на италијански) по што Ребиќ изнервирано рече „А извини, те молам, стварно. Е нема јас...“ и си замина на сред изјава.
Ребиќ на последниот ден од преодниот рок дојде во Италија, поточно во Милан. Перишиќ помина четири години во Интер пред летово да отиде во Баерн.