Пет големи научни потфати што можеме да ги очекуваме во следната декада

Во следната деценија (2020-2030) би требало да бидеме сведоци на фасцинантни човечки потфати насочени кон вселената, од повторното враќање на Месечината, па се до освојувањето астероиди и чекорењето на Марс.

Ако има доволно средства, желба и способности, граѓаните на Земјата во текот на следната декада можат да бидат сведоци на пет големи потфати со кои ќе се истражува вселената.

1. Комерцијална вселенска станица

Компанијата Bigelow Aerospace за 2020 година планира изградба на првата приватна и комерцијална станица B330. Станицата би требала да овозможи присуство на шест лица во простор од 330 кубни метри во полу-независни објекти.

Технологијата за градење веќе се тестира на Меѓународната вселенска станица, а ако биде успешна во иднина изградбата на вселенските станици би била значително поевтина.

2. Кинеска и руска вселенска станица

Меѓународната вселенска станица ќе биде во функција до 2020 година, па затоа Русија планира одредени делови од неа да ги искористи за сопствената експериментална вселенска станица OPSEK. Би можела да се користи како лансирна платформа за леталата кои ќе го истражуваат Сончевиот систем.

Кина би требало да гради станица слична на „Мир“, а градењето треба да биде комплетирано во текот на следната деценија. Кинеската вселенска станица треба да ја наследи работата на актуелната вселенска станица.

3. Месечината

Европската вселенска агенција на Месечината гледа како на исклучително важен чекор кон освојување на Црвената планета. Иако враќањето на Месечината не е временски прецизно одредено, разумно е да се претпостави дека ќе се одвива во текот на следната деценија. Слични идеи имаат и Русија и Кина, а покрај државните проекти за освојување на Месечината се заинтересирани и приватни компании.

4. Астероиди

На крајот на актуелната деценија, НАСА планира да прати роботско летало кое треба да одвои дел од астероид што потоа ќе стане посебно небесно тело. Роботот потоа треба да го насочи кон Месечината и треба да го фати во неговата орбита.

Во текот на 20-тите години од овој век, НАСА на астероидот би пратила и човечки екипаж кој ќе може да оди по него и да собира примероци кои ќе откријат нови детали за историјата на Соларниот систем.

5. Марс

НАСА во моментот работи на ракета која би била во можност да прати човечки екипаж на далечниот пат кон Црвената планета. Тестовите ќе стартуваат за неколку години, а ќе вклучуваат испраќање товар од 20 тони на Месечината што е два пати повеќе од она што можеме да лансираме денеска.

За да се зборува за освојување на Марс, научниците и инженерите мораат да развијат ракета која овозможува лансирање на товар од дури 50 тони. Покрај тоа научниците работат и на системи кои ќе ги заштитат астронаутите од радијацијата и другите штетни фактори на Црвената планета.

Првото праќање на модул во кој луѓето би можеле да престојуваат се очекува во 2024 година, а проектот чини 5,5 милијарди евра.

 

 

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе