Пет големи промени во ЛШ од наредната сезона

Најелитното клупско натпреварување во светот – Лигата на шампионите од следната сезона ќе доживее пет големи промени кои ќе го променат начинот на кој досега функционираше ова натпреварување.

Реформите во Лигата на шампионите ќе стапат на сила уште од денес, а УЕФА уште од порано најави дека во сезоната 2018/2019 ќе дојде до овие пет промени.

Досега директно учество во ЛШ изборија 26 клубови, вклучувајќи ги двата победници од ЛШ и ЛЕ, што значи дека преку квалификациите ќе се пополнат останатите 6 места. Клубовите кои ќе бидат елиминирани во четвртото претколо од квалификациите ќе оди во плејоф за учество во ЛЕ, додека испаѓањето во последното коло од квалификациите за ЛШ им гарантира на клубовите учество во ЛЕ наредната сезона.

Голема реформа е спроведена по прашање на играчите кои пристигнуваат во клубовите во зимскиот преоден рок. Од оваа сезона клубовите кои се натпреваруваат во ЛШ ќе можат да регистрираат тројца нови играчи кои го засилиле клубот во зимскиот преоден рок, без разлика на тоа дали тие играле за друг тим во истото натпреварување.

Исто така, терминот од 20:45 оди во историјата и тој ќе биде заменет со оној во 21:00, додека во новата сезона два натпревари ќе се одиграат и во терминот од 18:55 часот. Важно е да се нагласи и дека последните натпревари од групната фаза ќе се играат во исто почетно време.

Од наредната сезона тренерите ќе можат да искористат и четврта замена во натпреварите од нокаут фазата, a таа ќе може да се искористи дури откако мечот ќе замине во продолженија.

Петтата промена во ЛШ за наредната сезона е инспирирана од Серија А, односно од правилата на италијанската лига. Тренерите ќе можат да ја прошират клупата во натпреварите од ЛШ на 12 играчи, наместо досегашните 7.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе