Пет корисни веб алатки

Google не е единствената компанија која произведува корисни алатки за користење на интернет. Постојат и многу други компании кои го прават истото, но треба да знаете каде да барате.

Ова се неколку корисни работи кои ќе ви ја олеснат работата на интернет, и ќе ви помогнат полесно да обработувате слики, да праќате податоци преку интернет и слично.

Подобрете ја резолуцијата на сликите

Let’s Enhance е бесплатна страна, која е многу лесна за користење. Сѐ што треба да направите е да креирате профил на страната за да ги видите конечните резултати.

Праќајте податоци преку интернет

Апликациите како Dropbox и Google Drive го прават целиот овој процес многу лесен, но некогаш едноставно ви треба набрзина да испратите нешто некому, без притоа да се логирате на вашиот профил или да креирате нов. Пробајте го Firefox Send, дел од пребарувачот Mozilla, кој ви овозможува да праќате податоци брзо и лесно.

Дознајте го времето во различни временски зони

Наместо да го проверувате времето во различните временски зони преку Google, можете едноставно да го ставите TimeAndDate во вашите букмаркс и секогаш да ги имате на дофат часовниците кои ќе ви го покажуваат времето во градот кој вие ќе го одберете.

Направете GIF од буквално сѐ што ќе посакате

Сите сакаат GIF-ови, но мислат дека е многу тешко тие да се направат. Тоа е лага. Ако ги поседувате вистинските алатки, тие се многу лесни за правење. Затоа, секогаш имајте ја при рака GIPHY, и изненадете ги вашите пријатели со GIF-ови од најинтересните моменти.

Конвертирајте податоци во различни формати

Со Zamzar можете да конвертирате секаков формат, без разлика дали се работи за аудио, видео, слика или документ. Доколку сакате да имате пристап до сите опции на страната, треба да платите, но самата бесплатна верзија нуди преку 1.200 различни видови на формати.

реклама

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе