Пет паметни работи кои ги прават пчелите

Мозоците на пчелите можеби се мали, но тие имаат посебен начин на перцепирање и разбирање на светот во однос на луѓето. Наместо да складираат информации кои не им се потребни, пчелите знаат малку работи, но се експерти во нив.

Пресметување бројки

Минатата недела, австралиски научници открија дека пчелите кои даваат мед (Apis mellifera) можат да собираат и одземаат броеви. Четиринаесет пчели беа подложени на 100 тренинг вежби и успејаа да го погодат точниот одговор помеѓу 64% и 72% од времето. Научниците велат дека пчелите не се раѓаат со знаење да пресметуваат броеви, но можат да го научат тоа доколку луѓето решат да им покажат како.

Решавање задачи

Во 2017 година, истражувачи од универзитетот Квин Мери во Лондон покажаа дека пчелите можат да научат како да бидат наградени и потоа да им покажат на останатите пчели како да го направат истото. Пчелите во експериментот беа подучени од пчела-мамец како да преместат мало топче на означено место. Тие не само што научија да го прават тоа, туку најдоа и начин да ја скратат дистанцата помеѓу почетната точка и метата.

Даваат насоки

Карл фон Фриш ја доби Нобеловата награда во 1973 година откако го откри „танцот на пчелите“, со кој тие му ја покажуваат на партнерот за парење локацијата на нивните поленови ресурси. Враќајки се кон гнездото, пчелата вибрира со крилата на таков начин што остава информација за местото каде е сместена храната во однос на позицијата на сонцето.

Ја разбираат нулата

Пчелите кои даваат мед се првите инсекти за кои човекот открил дека имаат концепт за нула, нумерички приказ на „ништо“, кој дури и децата многу тешко го сфаќаат. Истражувачи од универзитетот од Мелбурн минатата година докажаа дека пчелите знаат што претставува нулата како броен израз, но не се сигурно зошто ја имаат оваа математичка вештина.

Споделуваат насоки

Во светот на пчелите, постои одреден вид на демократија. Кога бараат локација за нов дом за, да речеме, 10.000 пчели, околу 300 пчели создаваат „сенат“ и одлетуваат да бараат ново место. Тие го користат гореспоменатиот танц за да комуницираат меѓусебно околу потенцијални локации, а бројот на повторувања на танцот го одредува квалитетот на локацијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе