Пике: Сите четворица капитени ќе си ги намалиме платите

Синоќа дел од публиката на „Камп Ноу“ го исвиркуваше Жорди Алба откако се појавија гласини дека одбил да прифати намалување на платата со цел да му помогне на глубот да ја преброди финансиската криза. По тој повод се огласи Жерар Пике.

Дефанзивецот инсистира дека сите четворица капитени на Барса прифатиле намалување на платите и дека тоа наскоро и ќе се случи.

„Мислам дека намалувањето е нешто кое мора да се направи. Сакам да потенцирам дека е зборувано со сите капитени на оваа тема и тие ќе го направат истиот чекор наскоро. Прашање е само на време“, вели Пике говорејќи за Movistar.

„Јас морав да бидам првиот да го направи тоа и тоа брзо, поради правилата за регистрација. Но, ние сме фамилија, сите сме заедно, капитените уште од првиот момент имаа намера да се прилагодат на она што му е неопходно на клубот. Тоа е одлука која сами ја донесовме и горд сум на тоа“.

Синоќа Барса го победи Реал Сосиедад со 4:2 на домашен терен, но од дел од трибините доаѓаа свирежи кон Жорди Алба, кој е еден од четворицата капитени, откако претходно се појавија гласини дека одбил намалувања на платата. Барселона е во финансиска криза и тоа е главната прчина поради која се раздели со Лео Меси.

„Понекогаш се случуваат недоразбирања. Во контакт сум со Сержи (Роберто), Буси (Бускетс) и Жорди (Алба) и сите сме на ист став, пробуваме да изнајдеме решение. Имаше неколку часа пред да почне лигата и на клубот му требаше некој прв да намали за да може да регистрира нови играчи, но знам дека и останатите ќе си ги намалат платите“, објаснува Пике.

Во ерата по Меси прв капитен на Барса е Серхио Бускетс, а негов заменик е Жерарт Пике. Трет капитен е Сержи Роберто, додека четврти е Жорди Алба.

„Не треба да објаснувам што претставува Лео, сите знаеме. Тој е најважниот играч во историјата на овој клуб и во историјата на фудбалот. Но, сè поминува, мора да продолжиме понатаму. Мислам дека имаме добар тим, ќе бидеме доста компетитивни. Убеден сум дека ќе се бориме за сите трофеи до крај“, заврши тој.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе