УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Пиоли: По натпреварот му кажав на судијата што мислам за него

Стефано Пиоли откри дека по синоќешниот натпревар му кажал на судијата што мисли за него по одлуката што го уништи натпреварот со Челси, но инсистира дека Милан може да се квалификува во осминафиналето на Лигата на шампионите: „Нашата судбина е во наши раце“.

Тренерот на „Росонерите“ беше видно бесен и по последниот свиреж му пријде на германскиот судија Даниел Зиберт протестирајќи поради одлуките кои целосно ја променија играта.

„Натпреварот штотуку започна и имав чувство дека играме добро. Црвениот картон и пеналот ја променија играта, против тим кој веќе беше силен и не требаше да има човек повеќе“, изјави Пиоли за Mediaset Infinity.

URL

„Имавме шанси да се вратиме во игра. Штета, имавме чувство дека навистина можеме да го кажеме нашиот збор оваа вечер“.

По само 18 минути досуди благ пенал и му даде црвен картон на Фикајо Томори, кој двапати го допре рамото на Мејсон Маунт и го пушти, сметајќи дека спречува чиста прилика за гол. Жоргињо го реализираше пеналот и натпреварот потоа веќе не беше ист, а Пјер-Емерик Обамејанг стави точка по одличното додавање на Маунт.

Remote video URL

„Не треба да гледам снимка, беше премногу лесно да се процени тој инцидент. По натпреварот му кажав на судијата што мислам за него. Мојот англиски не е баш течен, но мислам дека тој ја разбра поентата...“

Беше далеку од насилен натпревар, но сепак германскиот судија покажа вкупно 9 жолти картони и 1 црвен, во натпревар со само 30 фаули.

„Резултатот е негативен, но нашата судбина останува во наши раце. Ако сакаме да бидеме конкурентни и во Европа, треба да ги победиме следните два натпревара, а ги имаме сите шанси да го направиме тоа. Сега да се нурнеме во Серија А, со тежок натпревар против тим која менува тренер. Треба да ја вратиме нашата енергија“.

За Милан не е сè загубено бидејќи Челси е на врвот во групата со 7 бодови, а потоа следуваат Салцбург со 6 и Милан и Динамо со по 4.

„Апсолутно мораме да веруваме во нашите шанси да се квалификуваме. Мора да отидеме во Загреб и да го играме нашиот фудбал, а потоа да го пречекаме Салцбург овде на 'Сан Сиро'“.

„Штета што не ни беше дадена можност да ја наградиме публиката со добар настап оваа вечер. Плативме многу висока цена за еден инцидент. Ако можевме да го одржиме овој натпревар во рамнотежа и при вакви околности, голем дел од заслугите одат на нашите навивачи“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе