СЕРИЈА А 2021/22

Пиоли со говор на Коби Брајант ги инспирирал играчите на Милан

Тренерот на „Росонерите“ откри дека користел зборови на славниот кошаркар за да ги мотвира неговите играчи на синоќешниот претпоследен натпревар од сезоната против Аталанта.

Милан синоќа ја извојува петтата победа во низа во Серија А и на едно коло до крајот се наоѓа на само 1 бод од освојување на Скудетото. Синоќа против Аталанта погодија Рафаел Леау и Тео Ернандес во победата од 2:0.

„Аталанта се многу цврст тим и ни создадоа доста проблеми, но одигравме добро во одбраната и им дозволивме многу малку шанси за гол. Сите претходни натпревари нѐ научија дека имаме што ни треба кога станува збор за одлучноста, вербата и храброста. Тие пресврти против Лацио и Верона ни дадоа уште поголема самодоверба, тоа е нешто што ја намалува анксиозноста. Момците знаат дека имаме јаки и слаби страни, па мораме да искористиме најмногу што можеме од нашите јаки страни“, вели Пиоли говорејќи за DAZN.

Remote video URL

„На момците им покажав интервју со Коби Брајант, кој при водство од 2:0 во партии во НБА плеј-оф говори како ништо не е готово. И кај нас не е готово. Мораме да останеме смирени и концентрирани, што на крајот може да се покаже одлучувачки“, додава.

Доколку Милан не загфуби наредната недела кај Сасуоло, Стефано Пиоли ќе го освои своето прво Скудето во кариерата. Милан е 12-ти клуб што го води овој 56-годишен стратег, а во својата кариера нема освоено ниту еден трофеј, било каков. Претходно ги водеше Салернитана, Модена, Парма, Гросето, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина. Во Милан е од октомври 2019 година.

„Кога дојдов во Милан тимот имаше тотално различни тактички идеи и концепти, па морав да менувам сѐ. Сега добрата работа е што играчите уживаат искористувајќи ги нашите јаки страни и подготвувајќи се тактички, кадарни се да се прилагодат и воедно да ги ограничат противниците“, заврши Пиоли.

Како играч го има освоено Скудетото во сезоната 1985/86 со Јувентус, а истата година го освои и Купот на европските шампиони (денес Лига на шампиони), како и Интерконтиненталниот куп.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе