ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Питер Крауч му се понуди на Клоп како дефанзивец

Пензионираниот голгетер чека повик од Јирген Клоп откако Ливерпул зимава не донесе ниту едно засилување во одбраната, а тројца се во аут поради повреда.

Не за да помогне во нападот, туку, звучи неверојатно, но Питер Крауч се понуди како „неконвенционален“ централен дефанзивец.

Веќе година и пол како 201 сантиметри високиот Крауч е во пензија, но подготвен е да се врати на зелениот терен за да му помогне на Ливерпул во дефанзивата со оглед на проблемите со повредените Вирхил ван Дајк, Џо Гомес и Жоел Матип.

Клоп на позицијата централен дефанзивец остана само со 19-годишниот Рис Вилијамс, неговиот врсник Сеп ван ден Берг кој година и пол речиси да не игра, како и повратникот од позајмицата во Штутгарт, Натаниел Филипс, кој синоќа ја пополнуваше празнината против Вест Хем.

„Баш сакам да се пробам да ја носам топката од позади. Изненаден сум што Ливерпул не донесе никој, но тоа веројатно ќе се промени бидејќи изгледа дека Бен Дејвис ќе дојде од Престон. Можеби ќе пробаат да донесат уште некој?“, вели Крауч за The Daily Mail.

Синоќа Ливерпул славеше со 3:1 на гостувањето кај Вест Хем, а во одбраната покрај Филипс застана и Хендерсон чија улога е всушност во средниот ред, но капитенски помогна во одбраната. Поголем дел од сезоната назад пополнуваше и Бразилецот Фабињу, кој пак природно игра како дефанзивен играч за врска, но и тој скоро се повреди.

„Морам да кажам дека Џордан Хендерсон беше одличен во таа улога, како и Фабињу. Завршија одлична работа во тешки времиња, но Јирген, ако сакаш да пробаш нешто неконвенционално, а знам дека го читаш ова, мојот телефон ќе биде вклучен цел ден“, се понуди Крауч.

Крауч е познат по доминацијата во воздушните дуели, со оглед на неговата висина, па оттаму и неговата убеденост дека бил бил одлична замена за повредените.

Инаку, Питер три сезони ги бранеше боите на тимот од „Енфилд“ во кои постигна 42 гола во сите натпреварувања.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе