По стапките на Tesla - Ford претстави концепт за електричен камион

Ford на саемот на комерцијални возила во Хановер прикажа концепт за камион-шлепер на струја.

F-Vision е футуристичко теренско возило, чиј концепт е измислен во центарот Ford Otosan во Турција. Ford соопшти дека дизајнот на концептот е инспириран од суперхероите на Marvel.

Американскиот произведувач не објави технички детали, но како што пишува „Motor Authority“ возилото има електричен погон, слично како и камионот-шлепер Tesla Semi од 2017 година.

Покрај тоа, ова теренско возило ќе биде опремено со технологијата автопилот, за на возачите кои возат по автопат на долги релации да им се олесни работата.

F-Vision има изразен аеродинамичен облик за максимално да се намали отпорот на воздухот и да се овозможи што поголема автономија во возењето, помеѓу две дополнувања на батериите.

На добрите аеродинамички карактеристики влијае и отсуството на големите надворешни ретровизори, наместо кои се наоѓаат мали камери, а сликата се емитува на екраните во кабината на возилото.

Вакво решение неодамна можевме да видиме и на продукцискиот камион-шлепер Actros на Mercedes, кој исто така е присутен на овогодинешниот саем во Хановер.

реклама

Запалени автомобили на паркинг во Скопје

Read more

Филипче се врати во операционата сала

Read more

Нови 85 случаи од 1.188 тестирања за COVID-19

Read more

Конор Мекгрегор ја запроси Ди по 12 години врска

Read more

Концепти

Nissan го подготвува новиот електричен SUV

Read more

Audi го претстави концептот за новото електрично купе

Read more

Nissan со тизер го најави електричниот кросовер Ariya

Read more

Volkswagen го објави последниот тизер за Arteon

Read more

Автомобили

  • play_arrow

Забавен тизер за Ford Puma ST, деби во септември

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Томас Шeјфер, новиот шеф на Škoda?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ретка ѕверка: Zagato IsoRivolta GTZ ќе се произведе во само 19 примероци

Читај повеќе
  • play_arrow

Sony ќе тестира електричен автомобил

Читај повеќе
  • filter

Суперспортскиот модел на Mercedes сега развива 530 коњски сили

Читај повеќе
  • filter

Поглед во освежениот BMW M5

Читај повеќе

Елон Маск: Tesla автомобилите се прескапи, потребен е поевтин модел

Читај повеќе

Nissan го подготвува новиот електричен SUV

Читај повеќе

Mitsubishi прекинува со испораката на нови модели во Европа

Читај повеќе