УС ОПЕН 2022

Под знак прашалник настапот на Ѓоковиќ на УС Опен

Трикратниот освојувач Новак Ѓоковиќ нема да добие ослободување од вакцинација за претстојниот УС Опен, што значи дека неговиот настап на завршниот Грен слем турнир во сезоната е доведен во прашање.

Според сегашните правила, невакцинираните странци не смеат да влезат на територијата на САД. Единствената можна причина за ослободувањето во кое би можел да западне Ѓоковиќ е „посебниот интерес“ за негово влегување во земјата.

Сепак, според The New York Times, Тениската асоцијација на САД (УСТА) нема да бара од властите изземање за српскиот тенисер.

„Ќе ги следиме владините регулативи и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ)“, рече извршниот директор на УСТА, Лу Шер.

Поради истото правило, Новак оваа сезона не можеше да игра на два турнира од Мастерс 1000 во САД, Индијан Велс и Мајами. Конкретно за УС Опен, има уште време правилата во САД да се променат бидејќи турнирот започнува на 29 август.

Минатата година Ѓоковиќ играше во финалето во Њујорк, каде загуби од Даниил Медведев.

URL
реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе