Погба: Паднав во депресија под Мурињо

Пол Погба веќе неколку години е една од најжешките теми секој преоден рок.

Манчестер Јунајтед од него не го доби она на што се надеваше, а многу светски великани изразија отворен интерес за 29-годишниот француски играч за врска. Погба даде интервју во кое јасно го изрази своето незадоволство од Јунајтед.

„Морам да бидам искрен, не бев среќен во последните пет сезони. Всушност, воопшто не сум среќен“, започна Погба во интервју за Le Figaro. „Без разлика дали во Јунајтед или друг клуб, сакам да освојувам трофеи“.

Погба го критикуваше и тренерот на клубот Ралф Рангник: „Лесно е да се игра во репрезентацијата. Јас сум на мојата позиција, ја знам мојата улога и ја имам довербата на моите соиграчи и тренери. Секако дека го немам тоа во Јунајтед“, додаде тој.

Потоа објасни: „Немам континуитет бидејќи пречесто ми се преместува позицијата во системот. Целиот тим често го менува системот и јас секогаш играм со некој друг во средниот ред. Тешко е да се задржи нивото на форма во таква ситуација“.

„Со тренерот Дешамп се согласувам многу добро, тој ми даде улога што ја знам, но дали навистина имам улога во Манчестер Јунајтед? Поставувам прашање, но немам одговор“, заклучи светскиот шампион кој одигра 16 првенствени натпревари оваа сезона.

Паднал во депресија под водство на Мурињо

Тој исто така рече дека некое време се борел со депресија.

„Понекогаш не знаете дека сте депресивни, само сакате да се изолирате, да бидете сами, тоа се несомнени знаци. Лично, тоа започна кога бев со Жозе Мурињо во Манчестер“, рече тој.

„Мојот психијатар може да биде мојот најдобар пријател, мојата сопруга или мојот син. Некој кој сака да разговара со тебе, да те слуша, да ти помогне да се извлечеш од сиот тој гнев и депресија што те јаде, тоа е она што ми треба". заклучи тој.

Договорот на Погба истекува на крајот на јуни, а ваквите изјави се речиси сигурен знак дека од следната сезона ќе го гледаме во поинаков дрес. Една од опциите кои најчесто се споменуваат е враќање во Јувентус.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе