Погба призна дека платил зa врач, но не за да му наштети на Мбапе

Пол Погба неодамна се најде среде бизарен скандал кога брат му Матијас во видеообраќање најави дека ќе ја објави вистината за францускиот репрезентативец, велејќи дека ќе открие колку злобен човек е тој.

Матијас тврди дека Пол преку врач го проколнал Килјан Мбапе. Од друга страна, Пол одговори дека со месеци е жртва на изнуда на неговите поранешни пријатели и брат му Матијас.

Пол Погба веќе платил значителна сума пари, скоро 100.000 евра, на лицата кои му се закануваат.

Во второто сослушување на суд, Пол негираше дека ангажирал врач за да фрли клетва на Килјан Мбапе за да се повреди, како што претходно тврдеше Матијас. Верзијата на Пол е дека тој навистина платил за врач, но за да помогне на хуманитарна организација, не за да му наштети на Мбапе, пренесе Franceinfo.

Погба смета дека неговиот постар брат е под притисок на криминалци кои сакаат да му наштетат. Неодамна Пол двапати го сменил телефонскиот број за да ги избегне малтретирањата од изнудувачите, но залудно. Го уценуваат и бараат 13 милиони евра.

Француските медиуми пишуваат дека првин му барале 13 милиони евра, а потоа и итна исплата од 3 милиони евра. Пол не можел да повлече толку пари од банка, па платил само 98.915 евра, пишува Marca.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе