Конор МекГрегор изгуби од Хабиб Нурмагомедов во Лас Вегас, но тоа не му падна многу тешко со оглед на парите што ги заработи. Веќе е најавен и реванш.
На МекГрегор одлично му оди на финансиски план, доказ за тоа е и купувањето на луксузна вила во Шпанија летово, чија вредност е проценета на околу 1,5 милиони евра.
Од друга страна, Хабиб Нурмагомедов на Instagram покажува колку се гордее на своето родно село Силди на врвот на планина, како и на домот во кој е израснат.