Netflix поддржа уште една серија од шпанско говорно подрачје во која се третираат проблемите на младите адолесценти.
Откако хакер ќе ги објави тајните на сите ученици во едно средно училиште, животот на сите им се претвора во хаос.
Социјално повлечената, но прониклива Софија си задава задача – да го најде хакерот.
Ако единствениот начин да ги заштитите своите тајни е да го предадете најблискиот пријател, што би направиле и колку далеку би отишле?
Во мексиканската серија на Netflix играат Ана Валерија Бесерил, Мајкл Ронда, Андрес Баида, Макарена Гарсија и Јанкел Стеван.
Серијата ќе има премиера на Netflix на 22 мај.