Погоди ги маскотите со Арсен Венгер
Арсен Венгер гостуваше во „The Graham Norton Show“ на BBC каде се соочи со несекојдневен предизвик.
Поранешниот долгогодишен стратег на Арсенал требаше да погоди на кој клуб е маскотата која му ја прикажуваа.
И покрај тоа што 22 години мина во Англија водејќи го Арсенал, Венгер покажа големо незнаење кога станува збор за маскотите на клубовите од Островот. Ако е за оправдание, му ги дадоа најбизарните маскоти.