Полицаец во затворот во Шутка е позитивен на COVID-19

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Управата за извршување на санкции потврди дека затворски полицаец од КПУ Затвор – Скопје во Шутка е позитивен на коронавирусот и дека се добиени информации за сите контакти кои ги  имал на работното место.

Тој на 9 и 10 јуни, кога не бил на работа, имал благо покачена температура, но матичната докторка не сметала дека има потреба да се тестира зашто имал воспалено грло и му препишала терапија. Кога дошол на 11 јуни на работа,  според утврдениот протокол, му била измерена температура, која била во нормала и немало причина за сомневање. Но, по добиената информација за претходната состојба, на неговото работно место биле применти заштитни мерки.

Управата соопшти дека вработениот бил ослободен од работните обврски и упатен дома, а потоа е разговарано со неговата матична докторка со цел да го упати на тестирање.

-Сите негови колеги со кои имал контакт се, исто така, упатени кај своите матични доктори откако на 13 јуни 2020 година е добиен резултат за позитивен тест на овој затворски полицаец и до нивното тестирање сите ќе отсуствуваат од работа, а на нивно место се вклучени други затворски полицајци во работниот процес, соопшти Управата за извршување на санкциите.

Во соопштението додава и дека кај останатите вработени во установата како и кај притворениците и осудените лица нема пријавено присуство на какви било симптоми на COVID-19 и работата се  одвива непречено.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе