Полицискиот робот повлечен од метрото во Њујорк: Луѓето го клоцале и гаѓале со ѓубре

Безбедносниот полициски робот што њујоршката полиција го стави во употреба за да патролира на метро станицата кај „Тајмс Сквер“ повеќе не е оперативен, што предизвика многу прашања, критики, па дури и мемиња.

Њујоршкото метро е познато по многу повеќе од роботи, и се чини дека така ќе остане. Безбедносниот патролен робот на њујоршката полиција, кој изгледа како нешто помеѓу R2-D2 и Dalek, а го доби името К5, требаше да патролира по станиците на метрото, да открива закани и да им помага на патниците на кои им е потребна помош. Роботот беше дел од визијата на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, за „иновативни полициски технологии“ кои ќе го направат градот побезбеден и „попаметен“.

Сепак, по краткиот и неимпресивен престој на станицата „Тајмс Сквер“, роботот е повлечен од служба.

К5 за прв пат беше претставен на јавноста на прес-конференција во април 2023 година, кога се движеше низ сцената и трепкаше со сините светла. Адамс го пофали, велејќи дека тоа е „добра инвестиција“, што го чини градот само еден долар на час, што е помалку од просечната часовна стапка. Градоначалникот се фотографираше со роботот правејќи облик на срце со рацете. Сепак, роботот не возврати бидејќи има „ниту раце, ниту емоции“.

Од друга страна, К5 предизвика различни реакции кај њујорчани, некои беа љубопитни, а други нервозни. Исто така, некои се обиделе да стапат во интеракција со роботот и го притискале копчето за помош, други правеле селфи фотографии, додека имало и такви кои го вандализирале, клоцале и гаѓале со ѓубре. Исто така, имало и такви кои целосно го игнорирале, како и други работи во градот.

Роботот се соочи со технички предизвици како што се навигација по скали, избегнување пречки и одржување на постојана работа. NYPD мораше да назначи службеници да го надгледуваат роботот и неговите перформанси, со што ја загуби смислата да има автономен уред.

Тест-периодот на метро станицата „Тајмс Сквер“ заврши во декември по шест месеци и оттогаш роботот стои неподвижен во излог, одделен од јавноста со стакло.

Портпаролот на полицијата изјави дека програмата за тестирање е завршена и дека резултатите се проценуваат, но не кажа дали роботот повторно ќе биде во функција или ќе му биде вратен на производителот Knightscope. Додаде дека администрацијата на градоначалникот секогаш бара нови технологии за подобрување на јавната безбедност и заштеда на пари. Рече дека роботот „работел“ во смена од полноќ до 6 часот наутро и дека градските власти размислуваат за следните чекори.

Градоначалникот претходно рече дека роботот нема да користи технологија за препознавање лица, контроверзна карактеристика што предизвика загриженост за приватноста и човековите права. Сепак, тоа не ги смири критичарите кои тврдеа дека роботот симболизира угнетувачка и дистописка состојба на надзор.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе