Помошта од 6.000 денари од 4. пакет, за оние кои имаа блокирани сметки, по прифаќање на законските измени во Собранието

Парите од еднократната финансиска помош од 6.000 денари за ранливите категории граѓани на кои не им беше исплатена поради блокирани сметки и неажурирани податоци до 25 декември 2020 ќе биде исплатена откако Собранието ќе се изјасни за законската измена. Ова за МИА го потврдуваат од Владата на Република Северна Македонија.

– Владата достави до Собранието измена на Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани со која се продолжува рокот на ажурирање на податоците во банките каде што имаат сметки до 31 март 2021. Законската измена ги покрива и граѓаните со блокирани сметки на кои не им беше направена исплата. Очекувањата беа дека процесот ќе заврши минатиот месец, појаснуваат од Владата.

Со измените ќе се овозможи на околу 22 илјади граѓани, кои не успеаја да ги ажурираат податоците за банкарските сметки тоа да го сторат во определен рок за да може да се изврши исплатата на помошта од по 6.000 денари. Од Владата додаваат дека парите ќе ги добијат и 2.132 граѓани чии приговори беа прифатени. 

– Владата на Република Северна Македонија прави сѐ парите да стигнат до сите за кои се наменети. Токму затоа беа отстранети сите административни процедури. На седницата одржана на 29.12.2020 донесе и одлуката за дополнување на Одлуката за отворање посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, наведуваат од Владата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе