Популарната серија Peaky Blinders доби своја видеоигра
Додека со нетрпение очекуваме да излезе шестата сезона, наскоро ќе уживаме во новата игра за оваа популарна серија.
Peaky Blinders:Mastermind е произведена од студиото Futurlab во соработка со креаторот на серијата Стивен Најт.
Играта е креирана во стилот кој се однесува на итрото однесување на протагонистот Томи кој не размислува ниту за иднината, ниту за минатото, туку живее во сегашноста, а ова ќе го забележите во текот на играњето.
Се очекува дека играта ќе излезе ова лето.