Потомците на мегалодон можеби и денес владеат со длабочините

Неочекуваното и значајно откритие сугерира дека топлокрвните ајкули за кои некогаш се сметаше дека се ретки можби се пораспространети отколку што се мислело.

Според една неодамнешна студија објавена во списанието Biology Letters, предводена од истражувачи од колеџот „Тринити“ во Даблин, Ирска, малозабестата песочна тигарска ајкула, вид што се смета дека еволуирала од мегалодон пред 20 милиони години, покажува знаци на регионална ендотермија, или топлокрвност.

Истражувањето анализирало обдукција на малозабестите песочни тигарски ајкули кои годинава беа исфрлени на бреговите во Ирска и Јужна Англија. Пронајдени се забележителни сличности во физиолошките карактеристики со изумрениот мегалодон и големата бела ајкула, и двете познати по својата топлокрвна природа.

Д-р Николас Пејн, еден од авторите на студијата, го истакна значењето на ова откритие.

„Порано мислевме дека регионалната ендотермија е ограничена на предатори како големата бела ајкула и изумрениот мегалодон, но сега имаме докази дека песочните тигрести, кои живеат во длабоки води, како и ајкулите кои јадат планктони, исто така имаат топли тела“, рече Пејн.

Вообичаено пронајдени во умерените и тропските мориња на длабочини од 10 до 518 метри, малозабните песочни тигарски ајкули поседуваат физички карактеристики што укажуваат на топлокрвност. И покрај нивниот статус „ранливи“ според класификацијата на Меѓународната унија за зачувување на природата, овие ајкули не се цел на комерцијален риболов, туку се соочуваат со закани од случајниот улов во мрежите, како и од загадувањете.

Д-р Хејли Долтон, која исто така е автор на студијата, го привлече вниманието на потенцијалните импликации на ова откритие за зачувување и еволуција во разбирањето како еволуирале топлокрвните животни.

„Нашето разбирање за науката продолжува да расте и станува јасно дека секогаш кога регионалната ендотермија еволуирала во минатото, таа била задржана кај сè поголем број видови ајкули со многу различен начин на живот“, рече Долтон.

Истражувањата сугерираат дека потоплото тело му овозможило на мегалодонот да се движи побрзо, да толерира постудени води и да преминува различни океани. Меѓутоа, додека климата на планетата се оладила за време на епохата на плиоценот пред околу 3,6 милиони години, мегалодонот се соочил со предизвици кои на крајот довеле до негово изумирање.

„Веруваме дека промените на животната средина во далечното минато најмногу придонеле за истребување на мегалодонот, бидејќи мислиме дека повеќе не можел да ги задоволи енергетските потреби потребни за да биде голем регионален ендотерм“, заклучи Долтон.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Вести

Мајмуните во Панама киднапираат бебиња од други видови

Read more

Италијанците создадоа вештачки остров што фаќа досадни инсекти

Read more

Nvidia го лансира најголемиот суперкомпјутер во светот

Read more

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Read more
 

Гик

Мајмуните во Панама киднапираат бебиња од други видови

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сите ја чекаат GTA 6: Извршниот директор на компанијата нема да ја игра

Читај повеќе
  • play_arrow

Италијанците создадоа вештачки остров што фаќа досадни инсекти

Читај повеќе

Дали GTA 6 ќе биде „изгор“ скапа?

Читај повеќе
  • play_arrow

Nvidia го лансира најголемиот суперкомпјутер во светот

Читај повеќе

Десктоп режимот доаѓа на Android

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Читај повеќе

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе