Потврден 41 нов случај на COVID-19, починаа пациенти на 36 и 25 години

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 37 оздравени пациенти. Од нив двајца пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови.

Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1.

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на Институтот на починати од COVID-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија, информира Министерството.

Во изминатите 24 часа биле направени 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на COVID-19  и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп -8, Тетово -4, Струга – 1, Велес -2, Битола -1.

Со ова вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.367.

По градови: Скопје – 468, Куманово – 363, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –139, Тетово – 73, Струга – 62, Велес – 63, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1 и Виница – 1.

Од Министерството за задравство информираат дека биле направени 728 теста  и тоа преку: ИЈЗ –523, Ветеринарен факултет – 18, Авицена – 20, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –97, Систина со PCR метода – 20 и МАНУ -4 . Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања на COVID-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени четири пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се пет пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се пет, а на респираторна машина се осум пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат шест пациенти, еден пациент е во тешка општа состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани двајца, а на домашно лекување се следат уште девет пациенти, информираат од Министерството за здравство.

реклама

Над 1.300 починати на аџилак во Саудиска Арабија

Read more

Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Read more

Терористички напади во Русија: Улични тепачки, нападнати цркви, убиени 15 полицајци

Read more

Доларот зајакна, еврото ослабе

Read more

Македонија

Таравари почна со разрешувања на клиниките – први на удар економските директори

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Read more

Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Read more
 

Вести

Таравари почна со разрешувања на клиниките – први на удар економските директори

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

ЕУ со санкции удри по рускиот гас

Читај повеќе

Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити

Читај повеќе

Илјадници жени во Франција маршираа против екстремната десница

Читај повеќе

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Читај повеќе

Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Читај повеќе

ЦУК: 2.699 повици на 112 во последното деноноќие

Читај повеќе

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Читај повеќе